Ви паднаа Gmail и Viber? Има едноставно решение

43

Ако и Вам ви се случи тоа, имаме едноставно решение.

Од Google соопштија дека знаат за проблемот и може да направите лесна и брза постапка за да ги отворите вашите апликации без никакви проблеми.

 

Сè што треба да направите е да отворите Settings->Apps и да го најдете Android Webview, апликацијата која го прави проблемот и треба да се ажурира.

За да ја скратиме работата, ќе ве испратиме директно до апликацијата во Google Play Store, каде што можете да ја ажурирате – само кликнете ОВДЕ.

Ова ажурирање е можно од неодамна, кога Google го реши проблемот, а претходно мораше да ги деинсталирате ажурирањата за да ви проработат апликациите.

Ако поради некоја причина не го гледате ажурирањето на Google Play Store, одете во Settings>Apps>Android Webview и потоа одберете uninstall updates.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content