Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на 50 километри југозападно од Скопје, или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.
Земјотресот беше на длабочина од само 1 километар. Засега нема информации за материјална штета.
Инаку денеска и Грција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5.6 степени според Рихтер. Истиот е во областа на Лариса на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван во поголем дел на територијата на Македонија.