СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Тутунарите со нов ПРОТЕСТ и БЛОКАДА

Тутунарите од петте новоформирани здруженија денеска два часа, од 12 до 14 часот, го блокираа патиот правец Прилеп – Плетвар на излезот од градот, барајќи, меѓу другото, побрзо да се откупи вишокот тутун по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат како ланските.

Според претседателот на здружението „Тутунска надеж“ Николче Станкоски, треба што побрзо да се подели амбалажа за откуп.

 

Координаторот на четирите новоформирани тутунски здруженија, Игор Мирчески ги изнесе барањата за новата реколта тутун во која главно треба да има повисоки цени, а произведените количества да бидат на нивото на ланските.

Да се укине безусловно и во целост членот од Законот за тутун кој дозволува увоз на суров, необработен ситнолисен тутун, зголемување на цените по класи и изедначување во сите откупни фирми. Во  правилникот за тутун бараме зголемување на произведените килограми по еден декар и да бидат по 220 килограми, наместо досегашните 185 килограми. Откупните фирми да не склучуваат договори на помали количества од ланските. не се согласуваме со Сојузот на земјоделски здруженија и со Асоцијацијата на земјоделци што нагласувата производство до 21.000 тони. македонија 10 до 15 години произведувала 25.000 до 26.000 тони и тоа производство мора да го задржиме, изјави Мирчески.

Тутунарите од петте новоформирани здруженија велат дека ќе истраат со барањата кои ќе ги достават до Министерството за земјоделство и Владата. Бараат да бидат вклучени во разговорите за новата реколта.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content