Историскиот стадион во Рио де Жанеиро на кој се одржаа две финалиња на Светското првенство (во 1950 и 2014 година) ќе биде преименуван во името на бразилската фудбалска легенда, Пеле. Бразилските меидуми јавуваат дека се е договорен, само недостасува ратификувањето од гувернерот на Рио де Жанеиро.
Откако гувернерот Клаудио Кастро ќе стави потпис на одлуката, легендарната „Маракана“ ќе се вика „Едсон Арантес до Насименто – Реи Пеле“.
„Тоа е достојна почит кон човек кој е признат низ целиот свет за наследството што го остави во бразилскиот фудбал и за она што го стори за нашата земја“, рече заменик-менаџерот на проектот, обидувајќи се на тој начин да ја ублажи контроверзноста која наиде на жестоки реакции во јавноста, која не сака промена на името на легендарната „Маракана“.