СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Владата ја усвои Концепцијата за основно образование

На синоќешната седница Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование, која перидов што измина ја разбранува јавноста.

Од Владата посочуваат дека во подготовката на документот биле вклучени сите засегнати страни, усвоени дел од стручните мислења, како и дека таа во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.

„Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитѕвани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН. Посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови“, стои во владиното соопштение по седницата.

 

Од Влада додаваат и дека при креирањето на Концепцијата биле слушнати и прифатени стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации, како и дека од самиот почеток активно бил вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content