Хакерски напад на интернет мрежата на А1 во Австрија
Неколку часа домашниот интернет бил во прекин низ цела Австрија, а според наводите на А1 причина за тоа бил масивен ДДос напад.
Хакерите со ДДос нападот се обиделе да ги онеспособат серверите на А1, во што успеале одредено време.
Проблемот со интернетот се случил во лош момент кога голем број граѓани работат од дома, а и дел од учениците имаат онлајн настава.