СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Полицајци и пожарникари спасуваа шестмина завеани во прилепско село

Полициски службеници во соработка со пожарникари денеска извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчан, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од саботата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Денеска околу 12 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021. Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021, се вели во соопштението од МВР.

Сите шест лица биле затекнати во добра здравствена состојба и со возила на граничната полиција и на противпожарната единица биле однесени во Прилеп, од каде заминале во своите домови во Кавадарци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content