СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пристигна првата пратка вакцини од Србија

На граничниот премин Tабановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, од Република Србија.

Македонија конечно ги доби првите анти-КОВИД вакцини. Снежното невреме не беше пречка комбето со 4680 вакцини на „Фајзер“ кои ги донира Србија да пристигне претпладнево на „Табановце“.

Домаќинот на свечената церемонија, премиерот Заев, рече дека солидарноста во време на ваква пандемија не познава граници. Неизмерно му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ за, како што го нарече, чин на братство и искрено пријателство.

 

„Оваа солидарност и поддршка е израз и на традицијата во регионот која повторно е на сцена, а тоа е – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед. Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Македонија кои бездруго се традиционално пријателски.“

Пристигнувањето на пратката беше пролонгирано неколку дена бидејќи се појавија проблеми со документацијата. Српските власти брзаа да испратат писмена гаранција до „Фајзер“ дека дел од нивните вакцини ќе бидат транспортирани во друга земја според зацртаните процедури, по што компанијата доцна во петокот дала зелено светло.

Вучиќ истакна дека Србија нема други претензии освен да покажува пријателство кон македонскиот народ на секој можен начин.

„Имавме многу проблеми со добивањето дозвола за извоз, затоа што се тоа многу прецизни и строги процедури.На крајот, благодарен сум им на луѓето од „Фајзер“ кои ни го дозволија ова, буквално по неверојатно сложени и комплексни процедури морате да го изведете ова за да не претрпите казни. Среќен сум што граѓаните на Македонија ќе може да започнат со имунизација, и тоа пред некои други во регионот.“

Здравствените власти уверија дека земјава е подготвена за старт на КОВИД имунизацијата. Од границата со Србија, вакцините заминаа кон Скопје – каде ќе бидат сместени во новите фрижидери и ќе се чуваат на потребната температура. Министерот Филипче обзнани дека вакцинацијата стартува за три дена, а прв ќе се вакцинира здравствениот кадар кој е во првите борбени линии.

„Ние во текот на вчерашниот ден работевме, го потпишавме трипартитниот договор што беше практично услов да се случи оваа донација од Србија и, еве, вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови која после што вакцинацијата ќе започне во среда, со здравствените рабтоници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.“

Денешното примопредавање се совпадна со празникот Свети Трифун, па во таа чест Заев и Вучиќ донацијата ја прославија со чаша вино во винаријата „Камник“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content