Кире Лазаров селектор на Македонија!

76

Како и што се очекуваше, Кире Лазаров, најдобриот ракометар на Македонија на сите времиња, е нов селектор на машката сениорска репрезентација.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ја потврди одлуката на Управниот одбор.

 

„Имам посебна чест и привилегија, да соопштам вест што е многу важна за понатамошниот развој на македонскиот ракомет, Управниот одбор на РФМ донесе одлука за нов селектор на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на македонскиот ракомет Кирил Лазаров. Со Кире се договоривме тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор“ – рече Мукаетов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content