Работникот што ќе работи во недела ќе добие 50% повисока дневница и слободен ден

34

Во примена новиот Закон за работни односи кој ќе предвидува нови правила за недела да биде неработен ден се очекува да почне да се применува на терен од септември. Синдикатите ја поздравуваат оваа иницијатива но бараат строга контрола од страна на инспекторатот за труд. Бизнисмените сметаат дека загубите во оваа криза дополнително ќе се продлабочат.

Со последната измена на Законот за работни односи се предвидува недела да биде неработен ден. Ова Законско решение предвидува ден на неделен одмор, велат од Министерството за труд и социјална политика. Исклучок се дејностите кои се неопходни за непречено функционирање на општеството и дејности во кое е неопходно одржување на континуитет на работниот процес. Исклучоците се однесуваат во делот на пример: снабдување со вода, отстранување на отпад, сообраќајот, како копнен така и воздушен и воден транспорт. Социланата и здравствена заштита, пожарникарската служба, царинската служба.

 

„За работниците кои ќе работат во недела предвиден е надомест на плата кој што е соглсасно закон и колективен договор. Дополнително работникот во овие дејности кои се наведени како исклучоци во предлог законот покрај надоместокот за работа во недела ќе добиваат и слободен ден за што се уште се преговара во Економско -социјалниот совет. Надзорот ќе биде на државниот инспекторат за труд, работодавачите од наведените дејности од исклучоците, мора да пријават дека дел од нивните работници на одредени работни позиции ќе работат во недела. Доколку државниот инспекторат за труд направи увид, по допрен глас, или по друга пријава од страна на работници и се утврдат прекршување на правилата тогаш се препишува казна затворање од 15 до 30 дена, тоа уште се договара. И прекршочна мерка во паричен износ согласно законот за прекршоци“, велат од министерството за труд и социјална политика.

Според планот, во недела ќе работат бензинските пумпи, трговијата со струја, секој вид на транспорт, угостителскиот сектор, медиумите, болниците, телекомуникацискиот сектор, противпожарната служба, погребалните услуги, комуналните дејности, музеите, зоолошките градини и останати дејности  кои овој период се дефинираат. Во делот на трговската мрежа, предлог Законот предвидува да работат само трговски објекти до 200 квадратни метри површина кои се во склоп на бензиски пунпи на граничните премини на аеродромите, автобуските станици и железничките станици. Останатите трговски објекти законското решение вели дека нема да работат во недела, додаваат од ресорното министерство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content