СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

До петок одлука за нови субвенции за плати

До петок Владата ќе пресече дали на компаниите ќе им даде повторно финансиска помош за исплата на плати или оваа мерка ќе ја замени со бескаматни кредити.

Сепак, за вицепремиерот Фатмир Битиќи, новопредложената мерка би била речиси иста како онаа за исплата на плати бидејќи и тоа било еден вид кредит, но мерката не била доволна разбрана во јавноста.

„Со стопанствениците сме многу блиску да имаме исто разбирање. Ние никогаш не сме давале неповратни финансиски средства за поддршка на плати. Тие беа условени средства во коишто мора да исполнат одредени услови, ако не ги исполнат треба да ги вратат парите и тоа е еден вид на кредитирање“, рече Битиќи.

Платежните картички ќе се заменат со отпис на каматите на граѓаните кои имаат долгови кон државните претпријатија.

„Што се однесува до ваучерите, таа беше ад хок мерка направена во период на криза. Опфатени беа скоро 700 илајди граѓани, но морам да повторам, во сетот сега што се предвидува има многу поголема мерка којашто се однесува директно кај граѓаните, а тоа е отпис на каматите на граѓаните“, додава Битиќи.

Петтиот сет ќе содржи дваесетина мерки и за него од буџетот ќе се одвојат од 50 до 60 милиони евра. За претходните четири досега се потрошени само 354 милиони наместо планираните една милијарда евра, пари кои Владата ги најавуваше за таа цел.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content