СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

YouTube ја воведува долгоочекуваната опција

Иако и натаму е една од најпопуларните видео платформи, YouTube постојано мора да воведува нови функции за да биде во чекор со конкуренцијата.

Токму поради тоа, YouTube ја воведува долго очеуваната опција – можност за сечење и споделување на краток дел од одредено видео.

Засега, како што пишува Digital Trends, оваа функција е овозможена само за одреден број креатори на содржини кои учествуваат во бета програмата.

 

Скратувањето на видео снимките, моментално е возможно само преку Android и компјутер а самиот исечок може да трае од 5 до 60 секунди.

Кога ќе се одбере иконата со ножички, се појавува слајдер и потоа креаторите одбираат кој дел од видео снимката сакат да го исечат, и тогаш може да му дадат име до 140 карактери.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content