Повредени две лица во сообраќајка во Прилеп
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од А.М.(24) од Прилеп и возило „опел зафира“, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп – информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.