СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Државна помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети, со новите мерки

На вчерашниот ден на седница на Владата на предлог на Министерството за економија беше усвоена програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Со I програма, како што соопшти владината прес-служба, се одвоени 52 милиони денари.

Средствата ќе се користат за повеќе мерки, како што е надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 проценти, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања.

Една од мерките е надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.

 

Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се: лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари, лицата со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000 денари и ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.

Предвидени се пари и за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;

Ќе се надоместуаваат и дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари, како и до 70 проценти но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content