Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 година, сопшти владината Прес-служба.
Од Владата информираат дека за оваа програма вкупно се одобрени 805 милиони денари од кои 415 милиони наменети за обезбедување на потребните количества вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390 милиони денари за набавка на Ковид-19 вакцини.
Покрај планираната вакцинација, во борбата против Ковид-19, здравствените власти го вклучија и лекот „Ивермектин“, кој од вчера е достапен за граѓаните во аптеките. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Како што посоч Министерството за здравство, лекот може да се употребува за домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен. Лекот чини 299 денари.