СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Нова средба на министерот Хоџа со тутунопроизводителите

Утре, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, како и претставниците на откупните компании.

Денес од сојузот повторно ги повторија барањата за зголемена динамика на откупот и реална цена на тутунот. Бараат исто така и да бидат отворени пунктовите и во саботите, а ако е потребно велат, да се продолжи и рокот за откуп.

Според Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени 8.550 тони тутун, а просечната цена е 166,5 денари.

 

„Нашите барања се реални и очекуваме да се прифатат на утрешната средба со откупувачите. Бараме зголемување на динамиката на откупот, реална процена на линијата за откуп. Пунктовите бараме да бидат отворени и во сабота зашто времето изминува, а ако биде потребно Министерството со одлука да го продолжи рокот за откуп од 28 февруари, во почетокот на март. Мора итно да се реши вишокот тутун за компаниите да го преземат. Министерствтово за земјоделство и откупувачите штом се согласија, зошто тоа да не биде сега, да се пуштат картони, а откупувачите со договор која компанија да преземе и колку. Имаме и барање да се преземат околу 450 тони на тутунарите кои имаа договори со компанијата „Далија табак“, која не обезбеди средства и не го почна откупот“, потенцираше претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, Менде Стомнароски.

Тој нагласува дека барањата до Министерството, Инспекторатот и откупувачите се доставени навреме, пред една недела, за да може да се разгледаат.

На состанокот утре со министерот ќе бидат и претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите.

Според директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, вчера се откупени 640 тони, а досега вкупно 8.550 тони тутун со просечна цена од 166,5 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content