Со кој состав Македонија би патувала на СП во Египет
По последните случувања во селекцијата на САД, која иако има 18 позитивни случаи, сака да патува во Египет со 12 ракометари, реална е можноста Македонија да добие место во групата со Австрија, Норвешка и Франција.
Доколку има потреба Брестовац може да одбере и од останатите ракометари што се наоѓаат на поширокиот список.
Ако се оди во Египет, таму би требало да патуваат 20 ракометари, а чартер летот ќе биде обезбеден од египетската ракометна федерација. Во меѓувреме беа направени тестови на коронавирус кај нашите ракометари, плус комплетни лекарски прегледи кои ги бара ИХФ, па Македонија е комплетно подготвена за пат – ако добие повик.
Список на ракометари:
НИКОЛА МИТРЕВСКИ,
МАРТИН ТОМОВСКИ,
НИКОЛА ДАНИЛОВСКИ,
БОЈАН МАЏОВСКИ,
ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ,
МАРТИН ПОПОВСКИ,
НЕНАД КОСТЕСКИ,
ЖАРКО ПЕШЕВСКИ,
МИХАИЛ АЛАРОВ,
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ,
ФИЛИП ТАЛЕСКИ,
ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ,
МАРИО ТАНКОСКИ,
МАРКО МИШЕВСКИ,
ГОРАН КРСТЕВСКИ,
КИРИЛ ЛАЗАРОВ,
МАРТИН ВЕЛКОВСКИ,
МАРТИН СЕРАФИМОВ,
ДАРКО ГЕОРГИЕВСКИ,
МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ,
СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ,
НИКОЛА МАРКОСКИ,
ДАВОР ПАЛЕВСКИ, и
ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ.