Македонија тргнува кон ново ЕП

40

Најдобрите македонски одбојкари ги загубија двата контролни натпревара од Бугарија во Софија, со по 1-3, (Бугарите ги добија и двата предновогодишни дуела во Скопје, со 3-2 и со 3-1) во пресрет на двата квалификациски турнира за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава. Двата турнира на програмата се од понеделник до 16 јануари, а треба да се одржат во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Противници на Македонија во групата Ц ќе ѝ бидат репрезентациите на Турција и на БиХ.

Во составот на Македонија на дуелите во Софија беше и техничарот Филип Деспотовски, кој ги пропушти мечевите во Скопје поради клупските обврски. Селекторот Никола Матијашевиќ не можеше да смета на повредениот среден блокер, Филип Маџунков, кој е неизвесен и за дуелите со Турција и со БиХ. Македонија викендов продолжува со тренинзите во Скопје, пред првиот меч против БиХ, в понеделник.

 

Македонската одбојкарска репрезентација дебитира на минатото ЕП, во 2019 година. На ЕП 2021 ќе се пласираат првопласираните во седумте квалификациски групи, како и петте второпласирани со најдобар резултат.

Пласман на ЕП веќе обезбеди Летонија од групата Д, а второпласираната Шпанија уште ја чека разврската, но е во добра позиција со деветте бода. Идната недела се игра и турнирот во групата Б, во која се репрезентациите на Израел, Бугарија и на Австрија, а натпреварите во преостанатите четири квалификациски групи (А, Е, Ф и Г) се закажани за мај.

На континенталното првенство директен пласман обезбедија Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија, Белгија според пласманот од ЕП 2019, како и земјите-домаќини на континенталното првенство годинава, Полска, Чешка, Финска и Естонија.

РАСПОРЕД

11 јануари Македонија – БиХ
12 јануари БиХ – Турција
13 јануари Македонија – Турција
14 јанаури БиХ – Македонија
15 јануари Турција – БиХ
16 јанаури Турција – Македонија

сите натпревари почнуваат во 18 часот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content