Одговорните граѓани ќе можат да пријават кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки и домашни прослави, како и во викендички или изнајмен простор, на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на електронската пошта [email protected]
„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници“, објаснуваат од ресорното министерство.
МВР во пресрет на празниците уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.