Xiaomi ќе го претстави Mi 11, првиот смартфон со Snapdragon 888 процесор
Xiaomi е секогаш првата компанија која претставува смартфони со најновите процесори на Qualcomm.
Новиот смартфон ќе биде претставен на 28 декември, а се верува дека ќе биде претставен и моќниот Mi 11 Pro.
Овие два уреда ќе го имаат најмоќниот процесор досега.
Од Xiaomi не открија повеќе детали, но според гласините ќе има QHD+ AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, камера од 50 MP, батерија од 4.780 mAh и ќе поддржува брзо полнење.
Mi 11 Pro ќе има ист екран и брзина на полнење, но и поголема батерија од 4.950 mAh и главна камера од 108 MP.