СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Од денеска нема повеќе онлајн уплати во домашните кладилници

Истече рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн уплати. Бараат Владата да овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа  да уплаќаат преку компјутер, во спротивно државата ризикува да изгуби 100 тици милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни. Според нивните пресметки од мај до декември пркеу онлајн уплатите во државната каса се инкасирале близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растеретени од гужва.

Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата, но и први ги отворија вратите. Иако имаат загуби во работењето сепак велат дека успеале да ги задржат сите вработени. Во казината и кладилниците работат околу 12 илјади работници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content