СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Апсења во Крушево, пронајдени 60 килограми марихуана кои исчезнале од фирма за медицински канабис

Од страна на Одделот за криминалистичка полиција, вчера (19 декември) биле уапсени три лица – Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Албанија и Р.К. (22) од Косово, поради сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.

Како што информираат од МВР, поради сомнение дека во викенд куќа во крушевскити село Врбоец се наоѓа поголема количина марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на крушевска фирма за производство на медицински канабис, со судска наредба извршен бил претрес во викендичката, при што се пронејдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.

При претресот било затекнато едно лице кое се обидело да побегне, но за кратко време било уапсено, при што било констатирано дека се рабоиту за 22-годишниот Т.С. од Скопје.

Исто така, со судска наредба од Основен суд во Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана.

Притоа биле уапсени и Косовецот и Албанецот.

На приведените лица, во координација со Јавен обвинител им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content