Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката, пренесува ТВ21.
Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута. Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.
50-годишната Весна го напуштила домот во 24 часот на 16-ти декември и не се вратила. Изминатите два дена голем број на доброволци го пребаруваа теренот, а денес требало да се пребарува езерото.