СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Апел за помош: Изгубено е женско лице од Прилеп, потребно е секој кој е во можност да се вклучи во потрагата (Фото)

Изгyбено е женско лице, на 50-годишна возраст (Весна Николоска, сопственик на слаткарницата Дизниленд Трејд-Прилеп).

Жената го напушитла домот синоќа околу 23 часот, и оттогаш и се губи трагот. Последно е видена на патот кон вештачкото езеро, во близина на касарните.

 

Фотографија од безбедносните камери од домот

Облечена е во светли долни тренерки и носи темна сиво – црна јакна. Секој кој има информации да се обрати на тел:

075 480 598, 076 473 193, 070 565 330

Во потргата се вклучени и спаситеслката служба на „Златоврв“ која упатува апел и повик, луѓе – доброволци, да се вклучат и кои можат да помогнат во потрагата на Весна.

Потребно е со себе да носат, топла облека, топли обувки и челни ламби, со цел да можат подолго да се вклучат во потрагата на исчезнатата прилепчанка! Секој оној кој има некакво сознане за ова лице, можат да се обратат до спасителската служба 078 520 792. Се молат сите кои имаат информации, било какви, да се јават на телефоните кои се посочени погоре, за да помогнат во барањето на Весна.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content