Во Брисел блокирани заклучоците за проширувањето на ЕУ

48

Изневерени се очекувањата на нашите граѓани, велат од владата, посочувајќи дека историската грешка од лани сега е огромна геостратешка грешка на Унијата. Разочарувањето денеска го изрази и шефот на дипломатијата Османи по средбата со унгарскиот колега Сијарто во Будимпешта.

Во вчерашните заклучоци на ЕУ се вели дека земјите – кандидати треба да сторат сѐ за да стават крај на неправилната интерпретација на историјата. Се согласувам, но сметам дека ‘Слонот во собата’е повеќе како да се спречи неправилната интерпретација на сегашноста и на иднината”, изјави Бухар Османи, министер за надворешни работи

 

Земјите членки вчера успеа да постигне своевидна компромисна дефиниција, која сепак е во прилог на Бугарија. Ги прифати двете барања на Софија во преамбулата од заклучоците да ги вметне долгото име на државава и формулацијата за погрешна интерпретација на историјата, а како утеха, со усвојувањето на документот да испрати јалов сигнал дека проширувањето останува на агендата. Сепак како што објави МИА, ваквите заклучоци сега ги проблематизираат Чешка и Словачка, со образложение дека премногу и се попушта на Бугарија не сметка на Македонија.

Зрак надеж дека не е се загубено денеска испрати германската канцеларка Меркел, прашана од нејзиниот сопартиец и пратеник во Бундестагот дали Бугарија ја злоупотребила позицијата на земја членка со наметнување на билатерални прашања.

Како ги оценувате шансите дека ќе можеме да ја тргнеме бугарската блокада во блиска иднина?, праша Гинтер Крихбаум, пратеник на ЦДУ

Јас разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека во блиска иднина овие прашања ќе бидат решени., изјави Ангела Меркел, канцелар на Германија

За колку блиска иднина мислеше Меркел не е познато, но она што е јасно е дека Македонија денеска одбележува 15 години горчлив јубилеј од стекнувањето на статусот земја кандидат. За поранешниот амбасадор Огнен Малевски никој тогаш не очекувал дека Македонија од тогаш прва локомотива во регионот, толку долго ќе го трасира патот до Унијата.

Од јануари претседателството со Унијата го презема Португалија, а во втората половина на годината Словенија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content