Угостителите бараат итна средба со премиерот отворена за јавност

60

Ќе згрешиме ако на било кој начин се согласиме со вчерашната изјава дека мерките кои ги усвои Владата не се популарни. Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија. Сметаме дека новите вчерашни рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата веднаш со усвојување и донесување на истите, не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска подршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена, се наведува во соопштението од Комората.

Оттаму велат дека парцијалните и селективни рестриктивни мерки некоординирани со соодветна финансиска поддршка, ги водат угостителите и бизнисите од пропратните индустрии во целосен колапс.

 

Ја користиме повторно моќта и влијанието на медиумите да ни помогнат во доставувањето на ова барање до Претседателот на Владата за покана во рок од 48 часа за јавна отворена за медиумите работна средба со цел да ги разјасниме одговорностите, обврските и да ги дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија со воведувањето на селективните рестриктивни мерки. Доколку Владата нема намера јавно да седне на маса и се соочи со угостителите, тогаш најмалку што може е јавно да одговори на ова наше барање и да се изјасни дали со донесувањето на новите мерки воопшто предвиделе, планирале и дискутирале да се надомести целосно или парцијално штетата со воведувањето на новите рестриктивни мерки, се вели во соопштението од НУК и повеќе угостителски здруженија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content