СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Маркетите и дуќаните ќе мора да воспостават ред, внатре и надвор во објектите – во спротивно ќе платат казни до 2.000 евра

Веќе со месеци наназад сме во состојба на панде*ија, што значи дека животот целосно ни се промени и мораме постојано да се држиме до определени правила и мерки, со цел што е можно побрзо да излеземе од истата како победници.

Дискотеките и ноќните клубови не работат уште од почетокот на кризата во март, угостителските објекти работат по строги протоколи, но и маркетите, пекарите, дуќаните мораат да воспостават ред и внатре и надвор во објектите, за да го спречат ширењето на болеста – инаку во спротивно ќе се соочат со плаќање на огромни казни до 2.000 евра.

Во новото законско решение кое веќе е во собрансика процедура наведено е дека секоја продавница ќе мора да обезбеди редарска служба која ќе го контролира минималното растојание од 2 метри пред и внатре во објектот. Дезинфекцијата на раце при влезот ќе биде задолжителна, правецот на движење ќе мора да биде означено, како и минималното растојание од 2 метри. Пред секоја каса за наплата, но и пред објектот задолжителната дистанца мора да биде означена. Вработените ќе мора да носат маски и ракавици цело работно време. Во објеклтите ќе може да пазари најмногу по едно лице на 10 метри квадратни.

 

Во моментов, според граѓаните, мерките за заштита генерално се почитуваат, но има и такви објекти каде гужвите се секојдневие. Вакви слики за жал се забележани на социјалните мрежи постојано, но ретко каде може да се интервенира.

Микро и малите фирми кои нема да го почитуваат законот, ќе плаќаат од 500 до 1,000 евра , казна, додека средните и големи трговци од 1,000 до 2,000 евра. Глоба од 50 евра е предвидено и за вработеното лице кои нема да ги почитува законот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content