FDA го одобри првиот „домашен тест“ за Ковид-19: Без рецепт, тестирање дома

25

Во САД е одобрен првиот домашен тест за Ковид-19.  Станува збор за „Pixel COVID-19 Test Home Collection Kit“ од компанијата LabCorp.

Тестот го одобри американска FDA и може да се купи без рецепт, а се применува така што корисникот сам си зема брис од носот во домашни услови, по што примерокот се испраќа на тестирање во лабораторија.

 

Резултатите од тестот корисникот ги добива на неговиот телефон доколку резултатот е позитивен, а доколку резултатот е негативен (корисникот не е заразен), тогаш резултатите пристигнуваат по пат на е-меил или пак може да се пронајде на интернет страницата од лабораторијата.

Овој тест треба да им помогне на сите кои што се сомневаат во своите симптоми на Ковид-19 болеста, да се тестираат во домашни услови и така полесно да го добијат одговорот на прашањето: Дали се или не се заразени со Ковид-19?

„За овој најнов тест не треба рецепт или пак пополнување на некаков прашалник, што овозможува да го користи било кој и да испрати примерок од својот брис на обработка“, вели Џеф Шурен, директор на Центарот за уреди и радиолошко здравје при FDA.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content