Дуелите со Порто и ПСЖ беа одложени поради ситуацијата со Ковид 19, па се чинеше дека календарската година е завршена за „црвено-црните“.
Сепак, ЕХФ закажа нив термин за гостувањето кај унгарски ПИК Сегед, а тоа е 22 декември, во 20.45 часот.
„Одложениот натпревар од 3. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите против ПИК Сегед ќе го играме на гостински терен на 22 декември 2020 година“, потврдија од Вардар.