СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Прилеп со херојски пресврт до важни бодови во Богданци

Ракометарите на Прилеп забележаа важна победа на гостувањето кај Младост во Богданци со 27-28 и останаа во игра за пласман во плеј-офот. Иако домашните имаа водство од пет голови во повеќе наврати од мечот, сепак паднаа во последните петнаестина минути и не можеа да го издржат ритамот што сами го наметнаа. Ниту прилепчани не беа безгрешни, но на крајот тие ги освоија трите бода.

Домашните тргнаа фуриозно и поведоа со 6-1, па Горан Кузманоски мораше да бара тајм-аут уште по петнаесетина минути. Чантурија и Шокоски за момент намалија на 6-4, но искусниот Стоилов даде три гола во серија и Младост повторно имаше највисока позитива, 9-4. Беше и 11-6, па 13-8 во финишот на првото полувреме, пред Манчески да погоди за 13-9. Младост не го реализираше последниот напад и на пауза замина со плус четири.

 

На стартот на вториот дел при 15-10 за Младост, домашните не реализираа напад за плус шест, и тогаш почна камбекот на прилепчани. Ги казнија сите грешки на ривалот и направија комплетен пресврт во 40 минута, 17-18, преку искусниот Чантурија. По подолго време и Стоилов реализираше за Младост за 18-18 и се играше гол за гол во продолжение. Прилеп преку Шокоски имаше шанса и за плус два при 20-21, но Паунков го одбрани неговиот удар.

Тоа беше поправено во следниот напад, а по 21-23 за Прилеп, Младост се врати на реми со два гола во серија. Десното крило Стојчевски израмнуваше два пати по водството на гостите, но Рустамов пак донесе нова предност за Прилеп, 26-27 на две минути до крајот.

Младост не реализираше напад, па Чантурија зголеми на 26-28 и остана време за домашните само да го намалат поразот со гол во последните секунди, 27-28.

Спортска сала „Млаз“

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1 Ристе Пешков голман 0 0
3 Саше Михајловиќ централен бек 0 0
4 Димитар Пеев лево крило 0 0
7 Илија Динов лево крило 0 0
9 Стојан Наумовски лев бек 0 0
12 Горан Паунков голман 0 0
13 Никола Роглев десен бек 0 0
17 Иван Стојчевски десно крило 0 0
18 Александар Лупашко лев бек 0 0
19 Митко Стоилов лев бек 0 0
20 Душан Каркалашев централен бек 0 0
23 Мартин Фиданов пивот 0 0
23 Антонио Николоски 0 0
25 Илија Чрчев 0 0
28 Горан Лисичков централен бек 0 0
32 Никола Димитров десно крило 0 0
Вкупно 0 0

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5 Филип Пајкоски пивот 0 0
7 Хазеин Рустамов лево крило 0 0
9 Христијан Бикоски лево крило 0 0
10 Сашко Манчески пивот 0 0
11 Владимир Трајкоски лев бек 0 0
12 Иван Ангелески голман 0 0
13 Ивица Дукоски централен бек 0 0
14 Даниел Андоновски лев бек 0 0
17 Хари Павлов десен бек 0 0
18 Давор Шокоски лев бек 0 0
19 Антонио Бурчевски пивот 0 0
22 Мартин Карафилоски пивот 0 0
23 Реваз Чантурија десно крило 0 0
33 Стефан Христоски голман 0 0
34 Мириан Гавашелишвили лев бек 0 0
77 Зураб Цинцадзе голман 0 0
Вкупно 0 0
Судии: Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
НАУМОВСКИ РУСЕ
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content