Билки што можат да помогнат во намалување на високиот крвен притисок
Високиот крвен притисок, исто така наречен хипертензија, влијае на скоро половина од возрасните луѓе во светот. Какви било промени во исхраната и начинот на живот исто така може да го намалат крвниот притисок и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.
Но секако, пред да почнете да користите некоја од овие билки најважно е да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт согласно вашата здравствена состојба.
Босилек
Босилек или Ocimum basilicum е ароматична билка која може да ја најдете во различни форми. Популарен е во алтернативната медицина бидејќи е богат со разни моќни соединенија.
Слаткиот босилек е богат со еугенол. Истражувањата овој растителен антиоксиданс го поврзуваат со многу здравствени придобивки, меѓу кои и намален крвен притисок. Студиите сугерираат дека еугенолот може да помогне во намалување на крвниот притисок дејствувајќи како природен блокатор на калциумовите канали.
Блокаторите на калциумовите канали го спречуваат движењето на калциумот во срцето и артериските клетки, дозволувајќи им на крвните садови да се „релаксираат“.
Студии спроведени врз животни покажаа дека екстрактите од сладок босилек помагаат во опуштање на крвните садови и во разредување на крвта, што пак помага во намалувањето на крвниот притисок.
Магдонос
Магдоносот или Petroselinum crispum е популарна билка во европската и средноисточната кујна. Потекнува од Медитеранот и има импресивен нутриционистички профил. Магдоносот содржи различни соединенија, како што се витамин Ц и диетални каротеноиди, што можат да го намалат крвниот притисок.
Неколку студии покажаа дека каротеноидните антиоксиданти го намалуваат крвниот притисок и лошиот холестерол, ризик фактор за срцеви заболувања.
Семе од целер
Семето на целерот или Apium graveolens е разноврсен зачин кој е преполн со разни хранливи материи како што се железо, магнезиум, манган и калциум.
Некои студии сугерираат дека семето од целер може да помогне во намалување на крвниот притисок.
Една студија спроведена на стаорци ги испитувала ефектите на екстрактот од семе на целер врз крвниот притисок. Студијата открила дека екстрактот од семе од целер го намалува крвниот притисок кај стаорци со постоечки висок притисок, но не кај стаорци кои имале нормален крвен притисок.
Истражувачите сугерираат дека соединенијата во екстрактот од семе од целер можат да помогнат во намалување на крвниот притисок дејствувајќи како природен блокатор на калциумовите канали.
Покрај тоа, семето од целер е добар извор на диетални влакна, кои се поврзани со понизок крвен притисок.
Лук
Лукот е богат со многу соединенија што можат да му користат на вашето срце. Особено, лукот содржи сулфурни соединенија, како што е алицин, што може да помогне во зголемување на протокот на крв и опуштање на крвните садови. Колективно, овие фактори можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.
12 студии спроведени на над 550 лица со висок притисок откри дека јадењето лук го намалува систолниот и дијастолниот крвен притисок со слични ефекти како од лековите за крвен притисок.
24 неделно истражување спроведено на 30 лица открило дека 600-1.500мг екстракт од лук е исто толку ефикасен во намалувањето на крвниот притисок како и лекот Атенолол.
Цимет
Циметот е ароматичен зачин кој потекнува од внатрешната кора на дврјата од родот Cinnamomum.Луѓето го користеле со векови во традиционалната медицина за лекување на срцеви заболувања, вклучително и висок крвен притисок.
Иако не е целосно разбрано како циметот го намалува крвниот притисок, 9 истражувања спроведени врз 641 учесник, покажаа дка земањето цимет го намалува систолниот и дијастолниот крвен притисок. Овој ефект бил посилен кога луѓето постојано земале цимет во текот на 12 недели.
Циметот можете лесно да го додадете во вашите оброци. Концентрираните додатоци на цимер се уште една опција.
Кардамон
Кардамонот е вкусен зачин со малку сладок, интензивен вкус. Преполн е со разни антиоксиданти кои можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.
12-неделно истражување спроведено на 20 возрасни лица кај кои бил дијагностициран висок крвен притисок, откри дека земањето на 3 грама кардамон во прав значително го намалува крвниот притисок, намалувајќи го близу до нормалниот опсег.
Истражувањата открија дека кардамонот покрај тоа што дејствува како природен блокатор на калциумовите канали, дејствува и како деуретик.
Деуретик е соединение кое помага при отстранување на насобраната вода во телото преку мокрење. Овие истражувања се ветувачки, но истражувањето во оваа област е сè уште ново.
Кардамонот е едноставен зачин кој може да го вклучите во вашето готвење или печење. Алтернативно, може да земете додаток или екстракт од кардамон, секако, со претходна консултација со вашиот лекар или фармацевт.