Почнува исплата на правата од социјална и детска заштита

29

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од утре почнува исплатата на Гарантираната минимална помош – ГМП за ноември годинава.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа утре за лица чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, а во петок за лица со презимиња кои почнуваат на – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од утре – информираат од МТСП.

Останатите права од социјална и детска заштита почнуваат со исплата во петок за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка. Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права: детски додаток, посебен додаток, епп за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, додаток за образование, надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош, надоместок заради попреченост, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност за стари лица-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, и на 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content