Прилеп лидер по негативен природен прираст

23

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Прилеп е лидер во државава по негативен природен прираст во третото тримесечје од 2020 година. Во овој период во Прилеп  се родени 154 бебиња, а починале 240 лица, од кои едно е новороденче, со што природниот прираст  е – 86. За овај период во Прилеп се склучиле 114 бракови, а се развеле 19 парови.

Сите пелагониски општини се со негативен природен прираст. Во општина Битола  во третото тримесечје од 2020  година се родиле 207 бебиња, починале 268 лица,од кои едно новороденче со што  природниот прираст е -61. За овај период се склучиле 181  брак а разведени нема.

 

Во општина Ресен се родиле 27 бебиња, 66 лица починале, природниот прираст е -39. Се склучиле 28 бракови а имало 6 разводи.И во општина Демир Хисар во ова тромесечје статистиката бележи повеќе починати отколку живородени лица.  Се родиле 10 бебиња, починале 44 лица, природниот прираст е -34. Се склучиле 5 бракови, а разводи нема.

Во општина Крушево се родиле 22  бебиња, починале 23 лица природниот прираст е -1. Се склучиле 10 бракови а се развеле 5 парови.Во последното тримесечје во Кичево се родиле 115 бебиња, а починале 140 лица, со што природниот прираст е -25. Склучени се 102  бракови , а разводи нема.
Во Могила во третото тримесечје од 2020 година годиона се родиле 8 бебиња, 24 лица починале, а во Новаци 6 има новороденчиња, а 10 починати лица.

Во Могила природниот прираст е -16, а во Новаци -4. Во Могила се склучиле 6 брака, разводи нема , а во општина Новаци се склучиле 3 бракови а разводи нема . -7 е природниот пристат и во општина Кривогаштани. За овај период статистиката вели дека во оваа општина се родиле 14 бебиња, а 21 лице починало. Се склучиле 6 бракови, а разводи нема.

Во третиот квартал на ниво на цела држава има повеќе умрени од родени, според статистиката расте бројот на разводи, а се намалува бројот на свадби.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.2 % и изнесува 5 141 живородени деца.Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12.9 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3 768 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content