Трговците на мало да работат во недела, кај тие на големо да има промени – Кој нема да работи во недела?
„Малопродажните капацитети за моментот нема да имаат измени во овој дел и ќе работат како што налага законот за трговија. Што се однесува до трговијата на големо, или големите магацини, големите супер маркети, таму има неколку опции и ќе ги пратиме на разгледување во Влада и секако откако ќе добиеме зелено светло и од коморите секако ќе донесеме такво решение.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Од Стопанската комора на Северозападната Македонија апелираат да не се избрзува. Претседателот на комората Неби Хоџа, вели дека во петокот имале средба со дел од економските министри во владата, но се уште ги разгледуваат предлозите како би се имплементирала мерката.
„Да се почитуваат некои правила каде што дел од бизнисите кои оперираат за викенди, да може да си ја вршат дејноста, но да се запази и делот на сите вработени да имаат еден ден за одмор во тек на недела и тоа да се почитува. Но, истакнавме и да не се избрзува со ова прашање.“ истакна Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ. Министерката за труд Јагода Шахпаска, од чие министерство и излезе идејата, минатата недела на своите колеги министри им даде рок од 7 дена, да се изјаснат за кои сектори недела ќе биде неработен ден.
Министерството за транспорт и врски пак ќе треба да го регулира делот на јавниот превоз кој функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот и дали сите ќе работат.
Според најавите досега – здравството, полицијата, против пожарните и комуналните служби ќе бидат изземени од законот.
Ова е предлогот на министерот за економија Крешник Бектеши за идејата „Недела неработен ден“. Од законското решение, засега, изземени ќе бидат и угостителите, како и туристичките агенции.
„Малопродажните капацитети за моментот нема да имаат измени во законот.