Некогаш вработените лица во прилепската компанија „Еурокомпозит“ денес на патниот правец Прилеп – Плетвар поставија блокада и протеситраа, затоа што како што велат, официјално им било кажано дека за исплата на заостанатите придонеси немало предвидена ставка во буџетот за 2021. година, иако законоското решение е важечко од Парламентот уште пред една година.
Дефинитивно, ни рекоа, дека во новиот буџет нема ставка за нас, ниту за исплатата на придонесите. Нема ниту од најавите дека ќе се продава фирмата за да бидеме исплатени. Оваа наша голгота нема крај. Ни преостанува еднаш до двапати неделно да протестираме, а за среда да протестираме пред Владата, истакна Цветан Бунтески, кој е дел од одборот на поранешните вработени.
Тој додава дека револтот кај работниците е голем, а нивната голгота долга и речиси и да нема крај. Покрај него, од одборот исто така посочија дека има шанса, со заложба на пратениците дури не е донесен буџетот за 2021 година, да се заземат со некој амандман за да им се исплатат догодина придонесите. Станува збор за околу 2,8 милиони евра за 320 работници за заостанати придонеси за 6,5 години.
Инаку, по овој, работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат и други протести.