СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Само по 200 брзи тестови дневно за цела источна Македонија, листите веќе преполни

Брзите тестови стигнаа во Источна Македонија, ама само во неколку града и само по 200 дневно. Ќе можат да се тестираат граѓаните во Делчево,Македонска Каменица, Штип и Кочани, а оние од другите градови ќе треба да патуваат во соседните. Во Кочани веќе има пријавени полна листа и тоа и од Велес, Скопје па и Битола, а дневно ќе можат да се тестираат само 20, во Штип ќе се тестираат 40, во Каменица 20, а во Делчево најмногу 60.

Сега се вклучуваме во правење на брзите тестови. Лаборанти од Делчево и кАменица се испратени на обука. Додека ПСР тестовите одамна ги работиме. Беше многу важно да се донеат вакви тестови во Делчево. Одалечени сме многу од Кочани 50, а од Штип 100км. Пациентите не можаа да патуват. Таксистите не сакаат да возат сомнителни на корона, вели за Алфа Марија Глигоровска, директорката на Здравен дом-Делчево.

Инаку брз тест може да закаже само матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на ковид не повеќе од 5 дена.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content