Технологија

Јутјуб воведе аудио-реклами кои според нив ја зголемуваат свесноста за брендовите

ЈуТјуб воведе аудио-реклами, по принципот на радио-рекламирањето. Оваа одлука од Гугл, аналитичарите ја сметаат за очекувана и логична, штом се земе предвид дека сервисот на ЈуТјуб се користи за слушање музика.

Сервисот на огласувачите ќе им овозможи уште еден начин да дојдат до својата публика, во овој случај огромниот број корисници кои оваа мрежа ја користат за слушање на содржината, а не за гледање.

 

Огласувачите, односно брендовите, ќе можат да пуштат и аудио-реклама, а визуелниот дел ќе биде покриен со слика или некоја анимација. Според тестирањата на Гугл, овој вид реклами овозможуваат значително зголемување на свесноста на брендот кај 75 проценти од кампањите.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content