Вакцина против КОВИД: Kои нуспојави ги имаат доброволците кои примија доза?

60

Pfizer и нејзиниот германски партнер BioNTech се одлучија на оваа акција неколку дена откако објавија дека нивната вакцина има 95% стапка на успех. Вакцината на компанијата Moderna покажа скоро 95 проценти ефикасност, објавија од таа компанија, повикувајќи се на првичните резултати од истражувањето.

Лук Хачисон, компјутерски биолог, се пријави доброволно да ја тестира вакцината против КОВИД на Moderna. После добивањето на втората доза, раката му отече до големината на „јајце од гуска“.

 

Тој не може да биде сигурен дали добил плацебо или вакцина, но за неколку часа, здравиот 43-годишник почувствувал болка во мускулите и коските, а неговата телесна емпература била 38,9 °С.

„Почнав да се тресам. Имав наизменично чувство на студ и топлина“, рече Хачисон.

Тој вели дека јавноста треба да биде подобро подготвена отколку што бил тој, бидејќи некои лица може да се соочат со интензивни, иако привремени, несакани ефекти. Некои експерти се согласуваат.

„Што е со реактогеноста на вакцината? Иако е безбедна и нема да предизвика долгорочни проблеми, како јавноста ќе гледа на тоа кога ќе се почне со вакцинација?“, прашува Дебора Фулер, вакцинолог од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Флоријан Крејмер, вакцинолог од Медицинскиот факултет Икан, вели дека овие привремени реакции не би требало да ги одвратат луѓето од намерата да се вакцинираат.

„Болката во рацете, треската и заморот се непријатни, но не се опасни. Не сум загрижен“, рече тој.

Повеќето луѓе нема да имаат сериозни несакани ефекти дефинирани како оние што пречат во секојдневните активности. Помалку од 2% од испитаниците кои примиле вакцини развиени од Pfizer и Moderna имале висока температура од 39 °C до 40 °C.

Што се однесува до другите нуспојави, замор почувствувале 9,7% од учесниците, мускулна болка 8,9%, болки во зглобовите 5,2% и главоболка 4,5% од учесниците кои примиле вакцина произведена од Moderna. За Pfizer/BioNTech, бројките се пониски: тешките несакани ефекти вклучуваат замор (3,8%) и главоболка (2%).

„Нуспојавите се знак дека вакцината добро делува“
„Ова е повеќе реактогено отколку што обично се гледа кај повеќето вакцини против грип, дури и во високи дози“, вели Арнолд Монто, епидемиолог на Универзитетот во Мичиген.

Покрај тоа, секој поединец кој ќе се вакцинира треба да прими две дози, а реактогеноста е обично поголема по втората доза.

„Несаканите ефекти значат дека вакцината работи добро. Тоа значи дека сте имале толку добар имунолошки одговор на првата доза и сега ги гледате ефектите од тоа“, рече Дру Вајсман, имунолог од Универзитетот во Пенсилванија, додавајќи дека компаниите треба да ги предупредат луѓето какви несакани ефекти можат да очекуваат.

Иан Хајдон ја доби највисоката доза од вакцината на Moderna на првото испитување, околу 250 микрограми, по што компанијата одлучи да ја намали дозата на 100 микрограми, пишува Science.

Дванаесет часа откако ја прими својата втора инјекција во мај, Хајдон пријавил главоболка, болки во мускулите, замор, гадење и температура од 39,6 °C. Потоа повратил и се онесвестил пред да се смират симптомите.

Но, Хајдон вели дека неговото искуство било „премала цена“ во споредба со можноста да се врати животот во нормала.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content