Локално

Директорот на прилепската болница до прилепчани: Не трчајте да се тестирате, ако имате симптоми седете дома

Првиот човек на прилепската болница Драган Богоевски се пожали се дека голем број на пациенти доаѓаат непотребно да се тестираат од КОВИД 19, како и дека ако еден од семејството е позитивен сите во фамилијата трчат да се тестираат, но како што рече оние кои што имаат симптоми треба да седат дома да се изолираат и да им се препише терапија, а доколку им се влоши состојбата да се јават во инфективното одделение.

-Идат многу пациенти непотребно за тестирање, ако еден е позитивен во фамилијата сите трчаат да се тестираат, нема потреба. Нека седат дома ако има симптоми терапија нека му се препише и тоа е тоа. Не е можно во фамилијата ако едниот е позитивен, другите да не се и тие позитивни затоа што во фамилиите нема заштитни мерки, вели директорот на прилипеската болница. Доколку им се влоши состојбата да се јават на инфективното одделение каде што ќе бидат примени и тестирани. Во меѓувреме ако се со лесни симптоми согласно протоколите на Министерството за здравство во изолација 14 до 21 ден спрема проценките на матичните доктори, вели првиот човек на прилепската болница Богоевски.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content