Селекцијата на Македонија со вечерашната победа над Грузија од 1-0 си обезбеди учество на Европското првенство наредната година.
Нашата селекција долго време чекаше на ваков историски момент, а човек на одлука беше неверојатниот Горан Пандев кој со свои 37-години покажа зошто е лидер на оваа репрезентација.
За првпат во нашата фудбалска историја ќе учествуваме на едно големо натпреварување, а радоста од Тбилиси е огромна, за која сведочат овие фотографии.