СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Аспиринот ќе се тестира како можен лек против ковид-19?

Аспиринот, широко распространет лек, кој се користи како средство за спречување на тромбоза, ќе се тестира како можен лек против ковид-19, во едно од најголемите истражувања во Велика Британија, пренесуваат странските медиуми.

Кај пациентите заразени со новиот коронавирусот е зголемена заканата за создавање на крвни згрутчувања поради хипер-реактивните тромбоцити, крвни плочки важни за сопирање на крвавењето, пренесува Хина.

Аспиринот е агенс кој делува антитромбозно и може да го намали ризикот од крвни згрутчувања.

Тестирање на аспиринот

Постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот би можел да биде корисен, а освен тоа е безбеден, евтин и широко достапен – вели Петер Хорби, коавтор на истражувањето.

Најмалку 2.000 пациенти би требало дневно да примаат 150 мг аспирин при вообичаен режим.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content