СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Турнирот во Скопје шанса за македонските одбојкари да играат и на ЕП 2021!

Откако Одбојкарската федерација на Македонија се избори за организација на турнир во квалификациите за Европското првенство 2021, нашите одбојкари ги добија точните распореди на натпревари за пласман на континенталниот собир.

Успешното деби во Љубљана минатата година го вбројува македонскиот национален тим во потесниот круг фаворити за настап на следниот еврошампионат, но патот до него нема да биде лесен во групата со Турција, Данска и Босна и Херцеговина.
Турците имаат најголем рејтинг, Данците се амбициозни да го искористат интернационалниот играчки потенцијал и да бидат дел од елитата, а директен пласман на ЕП ќе обезбедат првите репрезентации во седумте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани.

Јасно е дека решавачки може да биде секој сет, особено во пресметките со Данците, кои проценија дека најдобро за нив е првиот турнир на кој се домаќини, да го отворат токму против нашата селекција. Тој меч е закажан за 8 јануари 2021 година, а во наредните два дена ќе играме со Турците и Босанците.

Токму БиХ ќе биде првиот ривал на Македонија на вториот турнир во Скопје од 15-17 јануари.

На ЕП 2021 ќе учествуваат 24 репрезентации, а покрај коорганизаторите Полска, Чешка, Естонија и Финска, директен пласман обезбедија и осум селекции според резултатите од претходниот шампионат во 2019: Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија.

Квалификации за ЕП 2021, група „Ц“ – прв турнир Данска

8 јануари 2021 година:
Босна и Херцеговина – Турција (16.00 часот)
Данска – Македонија (19.00 часот)

9 јануари 2021 година:
Турција – Македонија (16.00 часот)
Босна и Херцеговина – Данска (19.00 часот)

10 јануари 2021 година:
Македонија – Босна и Херцеговина (16.00 часот)
Турција – Данска (19.00 часот)

Квалификации за ЕП 2021, група „Ц“ – втор турнир Македонија

15 јануари 2021 година:
Данска – Турција (17.30 часот)
Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот)

16 јануари 2021 година:
Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот)
Македонија – Данска (20.30 часот)

17 јануари 2021 година:
Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот)
Македонија – Турција (20.30 часот).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content