Вежба за спасување и дејствување при непогоди
Прилепската спасувачка служба „Златоврв”, заедно со противпожарната единица, со дирекцијата за спасување денеска среде Приелп ја изведе вежбата за спасување животи при земјотрес и пожар. Ова е трета вежба за една година на службата која од волонтерска претендира да стане професионална и се залага за формирање кризен штаб за спасување во Прилеп.
Сценариото беше да се спасат животи при земјотрес и појава на пожар. противпожарната единица беше да интервенира за гаснење на пожарот, спасувачката служба, пак, да ги симне безбедно граѓаните од високите катови и да ги предаде на медицинските тимови, објасни Неданоски.
Секоја помош од спасувачки служби е добредојдена, смета Методија Николоски од прилепската противпожарна единица.
Спасувачките служби се неопходни кога станува збор за спасување животи при непогоди. Ова е акција за да се покаже координираноста на службите, рече Николоски.
Од спасувачката служба „Златоврв” се надеваат дека од волонтерска ќе преминат во професионална служба, зашто имаат веќе искуства за спасување. Сѐ зависи од државните институции.
Работиме со техники познати во Европа за спасување животи во урбана, во рурална средина, на отворено, на параглајдеристи, на луѓе западнати во пропасти и провалии. Се надеваме дека локалните и државните институции ќе го сфатат сиот ангажман и потребата од спасувачката служба, рече Неданоски.
Ова е трета вежба за една година на првата прилепска спасувачка служба. Го добија седиштето на Плетвар, сега сакаат да се формира кризен штаб за спасување. Работат со свои средства и се во очекување да се вклопат во државниот систем на спасување.