Политика

СОБРАНИЕТО ОДЛУЧИ: Маска задолжително и на отворено, а дома примање само по 4 гости

Со 60 гласа „за” и 32 „воздржани” попладнево пратениците во Собранието ја изгласаа потребата од донесување на измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка.

Измените се задолжително носење на заштитни маски на отворено и контрола на домовите.

Оваа мерка стапува на сила по објавување во Службен весник, но веројатно претходно Владата треба да објасни како истата ќе се применува во домовите.

 

Институтот за јавно здравје дневно ќе прави до 1000 тестови, 150 повеќе од досегашните, вели Филипче!

Од денеска, со отворањето на уште едно приемно одделение во ИЈЗ ја забрзуваме процедурата за земање на тестови за ковид-19.

Пунктот ќе работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content