Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од основањето

37

На Економскиот факултет Прилеп, според сите протоколи за заштита од коронавирусот, денеска се одржа пригодна свеченост на која беа одбележани шеесет години од неговото основање.

Шестдецениското успешно функционирање на Факултетот претставува потврда за неговиот институционален капацитет да едуцира и профилира кадри коишто своите професионални компетенции и знаења ги вградуваат во напредокот на земјата и придонесуваат за нејзиниот економски и општествен развој посочи д-р Драгица Оџаклиоска, декан на ЕФ, пред присутните.

 

Студиските програми на факултетот овозможуваат стекнувања на напредни знаење од областа на економијата и бизнисот. Факултет се профилира како отворена институција која соработува со високо образовни институции, но и со бизнисот. Има стретигиска заложба за напредок, а досегашниот развој се должи на заложбите на претходните генерациии – истакна деканот Оџаклиоска, истакнувајќи дека мисијата на факултетот е едукација на нови кадри, носители на прогресивни промени во општеството.

За ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ д-р Сашо Коруновски од Битола во чии рамки е ЕФ, со ваквите годишнини се оживуваат спомените, но и се свртуваме кон иднината.

60 години се зрели, заслужени години на ЕФ, најстарата високо образовна институција на Универзитетот. Пионер во високообразовната едукација од областа на економските науки. Факултет кој е своевиден генератор на нови знаења. Шеесет генерации се едуцирале на фекултетот и се создале професори кои вршат едукација – рече ректорот Коруновски.

На Економскиот факултет во Прилеп во изминатиот шестдецениски период дипломираа 7385 студенти, магистрираа 448 студенти и докторираа 87 студенти, и тие претставуваат носители на развојот на нашата држава, на регионот и на Европа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content