Спорт

Одложен уште еден натпревар во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација и натаму има проблеми со одржување на нормалниот тек на натпреварите во Лигата на шампионите.

По последното тестирање тројца членови на стручниот штаб во Барселона се позитивни на коронавирусот комплетниот тим е ставен во изолација и поради тоа ЕХФ е принуден да го одложи дуелот против Веспрем што требаше да се одигра в среда.

 

Барселона соопшти дека сите инфицирани се чувствуваат добро и немаат симптоми, но екипата е во изолација од 17 октомври и ракометарите нема да имаат активности во следниве 10 дена.

Претходно позитивни на Ковид-19 беа тренерот Џави Пасквал и ракометарот Каспер Мортенсен.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content