Здравје

Ова ce новите pecтриктивни мepки – ќе ce спpoведат од понеделник доколку ce влoши состojбата

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со кopoнавиpycoт се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови pecтриктивни мерки.

Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче.

Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде се зapaзени.

 

Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на виpycoт, објасни министерот за здравство.

Филипче додаде дека претходниот пакет на рестриктивни мерки е поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом.

Овој, прв, пакет мерки се однесува на задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content