Политика

За воведување на новите антикорона мерки потребни се законски измени

Владата на вчерашната седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски на отворено и за забрана за групирање во домови на семејни прослави и на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, при што заклучи дека за нивно спроведување ќе бидат неопходни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, и воедно одобри набавка на вакцини за КОВИД-19.

Како што се наведува во соопштението од седницата, за воведување на новите рестриктивни мерки неопходно е да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, со што ќе се обезбеди можност за нивна имплементација со подзаконски владини акти.

 

Комисијата за заразни болести минатата недела предложи воведување мерки задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, во јавни објекти, на работни места и во јавен и приватен транспорт, потоа за забрана за групирање во домови на семејни прослави при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште да може да се примат најмногу четири луѓе, како и да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или каде било на отворено.

Покрај ова, Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за набавка на безбедни и ефективни вакцини против коронавирусот, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства.

Ваквите владини одлуки следуваат откако по неколку дена на трицифрен број на новоинифицирани од коронавирусот, во деноноќието меѓу понеделникот и вторникот се регистрирани 80 нови случаи на Ковид-19, од направени 680 тестирања. Во посочениот период во болнички услови починати три лица, додека Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content