Во 10 основни училишта во прилепската општина денеска за првпат го започнаа своето образование 660 првачиња. Од општина Прилеп информираат дека 1.250 ученици ќе следат настава со физичко присуство, од кои најголемиот дел од прво до трето одделение, а останатите во четврто и петто каде има услови за настава со физичко присуство, во кои се вклучени и паралелките за ученици со посебни потреби.
Во прилепските основни и средни училишта настава ќе следат вкупно 10.340 ученици, од кои 6.546 во основно обвразование, а 3.133 во средно, во најголем дел онлајн, информираат од општината.
Во одредени училишта се користат старите комјпутери, а во тек е тендер за набавка на 101 статичен компјутер и на 120 лаптопи.
Инаку, општината инвестирала околу 15 милиони денари во инфраструктурата пред почетокот на новата учебна година.