„Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.
Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици“, велат од МНР и НТ.
Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.
„Во рамки на состанокот, министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка. На маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари и средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот“, се наведуваат предвидените активности на министерот Муцунски на состанокот во Вашингтон.
